Се Известувааат сите корисници  на правото на социјална парична помош ,кои не обновиле документи,дека годишната обнова за правото на СПП  е започната од 15.11.2017 година и  ќе трае заклучно со 30.12.2017година.

 

Според членот 50, став 3 од Законот за социјалната заштита, носителот на правото на социјална парична помош е должен еднаш годишно да поднесе документација за материјалната и бројната состојба на домаќинството. Во насока на исполнување на оваа законска обврска, Министерството за труд и социјална политика преку надлежните центри за социјална работа годишната обнова за корисниците на правото на социјална парична помош ја спроведува и оваа година.

„Потребната документација за материјалната и бројната состојба на домаќинството за корисниците на правото на социјална парична помош за законската годишна обнова се прибавува по службена должност по електронски и по писмен пат, во согласност со Правилникот за начинот на утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето на носителот на правото и потребната документација за остварување и користење на правото на социјална парична помош и во согласност со потпишаните меморандуми за соработка со надлежните институции: Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија, Управата за јавни приходи на Република Македонија, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за катастар на недвижен имот на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матични книги и Народната банка на Република Македонија. Стручните работници од корисниците потребно е да побараат единствено само на увид важечка лична карта за нив и за останатите полнолетни членови во домаќинството и писмената согласност на подносителот/корисникот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на социјална парична помош, која се дава на образец – изјава, кој е пропишан и е составен дел на Правилникот“,